Ж е л е з н и ч к о т о м о д е л а р с т в о в о М а к е д о н и ј а
Кратка историја со осврт на домашни модели
Железничкото моделарство во Македонија не е многу познато и застапено но сепак го има.
Знајните почетоци датираат од '60-те години на минатиот век и се поврзани со појавата на ова хоби и во другите републики во тогашната заедничка држава Југославија.
Моделите на локомотиви и вагони најпрво се увезувале од странство. Со пуштањето во работа на фабриката Механотехника во Изола, Словенија која покрај другото започнува да изработува и модели на локомотиви и вагони, истите стануваат достапни за купување и во нашите продавници.
Најинтересни биле моделите на железнички возила намалени во размер од 1:87 кој во моделарството е познат како "Н0" како и тие во размер од 1:160, познат како "N".
Во главно тоа биле модели на железнички возила на странските железнички превозници. Со тек на време се повеќе зајакнувала желбата да се има и модел на домашните железнички возила. Се појавиле неколку ентузијасти заинтересирани за ова хоби на кои главна цел им била создавање на домашни модели кои и ја започнуват потрагата по модели на странските железнички превозници слични на возилата на тогашните Југословенски железници (ЈŽ-ЈЖ). Истите се префарбуваат и им се налепуваат лепенки со ЈЖ ознаки со што странскиот модел се "подомаќинувал". Другата можност била рачна изработка на домашните модели и нивно малосеријско производство: одливање со помош на калапи. Овие две можности се користат и ден-денес и остануваат како главни кога е во прашање добивањето на домашни модели.
Некои од размерите во железничкото моделарство |
Со тек на време и производителите на серијски модели излегуваат во пресрет на љубителите на ЈЖ модели. Тогашниот источногермански производител на модели PIKO во својот каталог од 1961/62 година ги најавува а подоцна и ги издава своите модели на ЈЖ товарни вагони и со тоа ја започнува ерата на производство на модели на железнички возила од Југословенското подрачје.
Механотехника го следи PIKO и десетина години подоцна го издава моделот на локомотивата ЈЖ 661-164 кој иако е само префарбан модел на америчката локомотива од типот GP18 сепак претставува прв серијски модел на ЈЖ локомотива кој некогаш е произведен.
Piko 5-6446-110 - JŽ-ЈЖ Gv |
Механотехника ЈЖ 661-164 |
На почетокот на '80-те години на минатиот век на Механотехника и PIKO им се придружува и производителот ROCO и го издава првиот сериозен модел на возило на Југословенските Железници: моделот на електричната локомотива ЈЖ 361-102.
Roco 04187B - JZ 361-102 |
Задоволен од успехот и продажбата на овој модел истиот произведувач за неполни година-две на пазарот го понудува и модификуваниот модел на оваа локомотива, моделот ЈЖ 361-007 за во 1983 од производство да го извади и првиот модел на парна локомотива од југословенските простори: ЈЖ 35-166.
ROCO 4116E - JZ 35-166 |
Во подоцнежните години во произведување на ЈЖ вагони на PIKO му се придружува и производителот Klein Modellbahn па така и овој вид на ЈЖ возила стануваат се позастапени во колекциите на љубителите на ЈЖ модели.
Klein Modellbahn 9013 - JZ E |
Со престанокот
на постоењето на тогашната држава СФР Југославија од некогашните Југословенски железници
се раѓаат нови железнички управи. Повторно доаѓа до израз снаодливоста и
вештината на мајсторите самоградители па така благодарејќи на малосеријски
изработувачи на модели ги добиваме и првите модели на возилата на
Македонските железници - МЖ: Славко Јовановиќ и Balkan Models изработуваат
модели на локомотивите од серијата 661 во големина 1:87,
а модел на локомотивата од истата серија во размер 1:160 изработува
Милорад Јовановиќ.
MŽ 661-236 by S.Jovanović & MŽ 661-408 by M.Jovanović |
Недостатокот на домашни модели се чуствува кога се во прашање патничките вагони. Производителот Markez Models малосериски ги произведува првите модели на патнички вагони на Југословенските железници од производствениот асортиман на фабриката за шински возила „Гоша„ од Смедеревска Паланка меѓутоа како производ со мал тираж ни од далеку не успева да ги задоволи потребите на овој тип домашни модели.
Со настанувањето на новите железнички управи наследнички на Југословенските железници настануваат и нови состави на меѓународните композиции а со то а се појавува и потребата од модели на овие новонастанати железнички управи. Како резултат на тоа производителот Sachsenmodelle издава модел на вагон со легла со ознаките на Македонските железници под број 74430 и со тој потег се впишува како прв производител кој произвел модел на вагон на Македонските железници. Иако моделот претставува имагинарен вагон кој никогаш како таков не постоел, сепак заслужува внимание како прв големосеријски произведен модел на возило на Македонските железници.
MarkezModels 1005 |

MŽ Bc - Sachsenmodelle 74430 |
Од друга страна италијанскиот производител АСМЕ на пазарот ги понуди своите шест модели на Југословенските железници: три модели на Белградски и три модели на Загребски вагони, добиени врз основа на веќе постоечки модели на вагони на Италијанските железници - FS.
|
Задоволен од успехот на овие модели АСМЕ го прави вистинскиот потег и на пазарот ги понудува првите сериски произведени модели на вагоните „Гоша„: Љубљанските Bl и ABl на Југословенските железници.
АСМЕ 52820 & 52800 |
АСМЕ неуморно работи па се појавуваат: комплетот од четири модели на вагони на Мимара и трите комплети на Југославија Експрес со вкупно девет модели на вагони на Југословенските железници.
АСМЕ 55061 55060 55075 |
JŽ ŽTO Skopje Bcm - ACME 55090 |
После сите овие големосериски модели, оваа 2014 година од рацете на Славко Јовановиќ излегува модел на локомотива од серијата 667 со кој за сега е заокружена колекцијата на наши, домашни модели.
Slavko Jovanović - JŽ 667 |
Да се надеваме дека овој нема да биде и последен и дека во иднина ќе имаме можност да добиеме уште по некој модел на железничите возила од нашето подрачје.
Основни поими во железничкото моделарство, макетарство и колекционерство
Модел
- сразмерно намалена копија на железничко возило, без разлика дали е моторизирано или не, дали е самоградба или не и без разлика дали е составувано од однапред подготвени готови делови или пак набавено како готово, комплетно составено возило.

Диорама
- помала површина со делумно изградена железничка инфраструктура која поради својата големина не дава можност за движење на моделите и композициите по неа.
- помала површина со делумно изградена железничка инфраструктура која поради својата големина не дава можност за движење на моделите и композициите по неа.
Во повеќето случаеви диорамите служат за фотографирање и претставување на моделите.
Макета
- поголема површина со изградена железничка инфраструктура најчесто од затворен/кружен тип (што не е цврсто правило) која дава можност за движење на моделите и композициите.
- поголема површина со изградена железничка инфраструктура најчесто од затворен/кружен тип (што не е цврсто правило) која дава можност за движење на моделите и композициите.
Моделар
- изработувач на железнички модели.
- изработувач на железнички модели.
Макетар
- изработувач на макети (и диорами) по кои ќе се движат железничките модели.
- изработувач на макети (и диорами) по кои ќе се движат железничките модели.
Колекционер
- љубител на железнички модели кој ги собира и со тоа прави збирка односно колекција на истите.
- љубител на железнички модели кој ги собира и со тоа прави збирка односно колекција на истите.
Поради поврзаноста често се случува да еден вљубеник во ова хоби истовремено е и моделар и колекционер и макетар.
Крај
.
No comments:
Post a Comment