Модели на влечни железнички возила

ЈЖ-ЈŽ 62-014

JŽ 62-014 - Jouef 2261

Модел на оваа наша маневарска локомотива во Н0 е добиен со преработка на модел на локомотивата ТU 030 на француските железници SNCF.

Податоци за моделот:
производител и број: Jouef 2261
должина: 104 мм
погон: дигитален за еднонасочна струја (DCC), моделот е со фабрички вграден декодер со звук.

Преработениот модел ја представува локомотивата S100 во нејзината изворна варијанта предадена на Југословенските железници како помош од страна на USATC и која вршела маневри во Скопје до раните '70 години на минатиот век.

На фотографијата настаната во 1968 година се гледа оваа локомотива после нејзината надоградба:


JŽ 62-014 Skopje, Macedonia 1968

................................................................................................................

ЈЖ-ЈŽ 661-145

JŽ 661-145 - Slavko Jovanovic Models

Малосеријски модел на оваа легендарна локомотива во Н0, изработен од белградскиот изработувач на модели Славко Јовановиќ, нашироко познат како моделар кој во сопствена режија има изработено најповеќе модели од подрачјето на поранешните југословенски републики.

Податоци за моделот:
производител: Славко Јовановиќ
должина: 212 мм
погон: аналоген за еднонасочна струја  (DC)

Моделот ја претставува оваа локомотива по излегувањето од фабричките хали во La Grange во 1961 година која по пристигнувањето во Југославија е ставена во служба на ЖТО Скопје. Својот работен век неславно го завршува во сообраќајна незгода во 1990 година.
JŽ 661-145 La Grange, USA, 1961                    Accident, Macedonia 1990

................................................................................................................


ЈЖ-ЈŽ 667-001 и 002
JŽ 667-001 & 002 - Slavko Jovanovic Models
Моделите и на оваа серија се малосеријски (до сега се излиени само три примероци) изработени од белградскиот изработувач на модели Славко Јовановиќ. 
Оваа серија на локомотиви од руско производство беше застапена само во Македонија со две машини каде и двете беа ставени на располагање на рафинеријата во Миладиновци. 

Податоци за моделот: 
изработувач: Славко Јовановиќ
должина: 200 мм
погон: аналоген (DC) за еднонасочна струја 

За жал, нема познати фотографии на локомотивите од оваа серија од времето на нивната служба во Југословенските железници; на фотографијата е „001„ со ознаките на Македонските железници во кои овие локомотиви го завршиле својот работен век.
MЖ 667-001

................................................................................................................


JŽ-ЈЖ В812+818 - Шинобус
JŽ B 812-007 & 818-007 - Fleischmann 74405 + 4405
Модел на нашиот „автобус на шини„ е добиен со преработка на модел на германските железници DB на производителот Fleischmann. И двата дела се моторизирани но на едниот моторот му е изваден за да се добие патничката приколка

Податоци за моделот - моторен дел:
производител и број: Fleischmann 74404 
должина: 153 мм
погон: дигитален за еднонасочна струја  (DСС) со фабрички вграден декодер co звук.

Податоци за моделот - приколка: производител и број: Fleischmann 4404 
должина: 153 мм
погон: аналоген (DC) за еднонасочна струја

А еве како заврши возилото чија реплика е моделот: како возило за вежби на противпожарните единици, наместо како почесен експонат во еден музеј на Железниците во Македонија:
Во железничкото депо во Лисиче.
...............................................................................................................................................

Шинско инспекциско возило - Волга
JŽ dresina Volga - Herpa 024433

Модел на ова инспекцијско возило од типот Волга ГАЗ М21 го има изработено производителот Herpа, најверојатно по барање на германските ентузијасти кои го откупија ова возило како старо железо и во Германија го реставрираа. 

Податоци за моделот:
производител: Herpa 024433
должина: 55 мм
погон: без погон

Оригиналното возило сликано 1985 година:
Volga M21
И видео на возилото после реставрацијата, снимено некаде во Германија:


................................................................................................................


JŽ-ЈЖ 661-404
JŽ 661-404 - Slavko Jovanović models


Уште еден малосеријски модел на локомотива во Н0 изработен од белградскиот изработувач на модели Славко Јовановиќ. 


Податоци за моделот:
производител: Славко Јовановиќ
должина: 212 мм
погон: аналоген за еднонасочна струја  (DC)



JŽ-JЖ 661-404 

На горната фотографија е локомотивата по која е добиен моделот, фотографирана во Скопје претпоставувам во '80-те години од минатиот век.


.......................................................................................................................................................


JŽ-ЈЖ 734-017 и 734-024


JŽ 734-017 & 024 - Roco 62970

Двата модела на оваа наша маневарка се замислени да ги претставуваат овие локомотиви веднаш по нивното пристигнување во Скопје, додека сеуште биле во одлична состојба.

Податоци за моделот:
производител и број: ROCO 62970
должина: 123 mm 
погон: аналоген за еднонасочна струја
додатоци: вграден NEM652 прикључок за декодер

Овие локомотиви се директно набавени од Германските железници DB во втората половина на '80-те години на минатиот век и главно се користени за маневри со искључок биле користени и за влеча на патнички гарнитури на пократки релации.

................................................................................................................


JDŽ-ЈДЖ 35-159

JŽ 35-159 - Roco 62229

Модел во H0 на локомотива од серијата 35 на железниците во Македонија кои заедно со железниците од останатите тогашни Југословенски републики го носеле името Југословенски Државни Железници односно ЈДЖ.

Моделот ја претставува локомотивата 35-159 која најдолго била експлоатирана на територијата на Македонија, за на крај да биде користена за влеча на работните возови.
Раритетноста на овие машини кои во свое време биле стационирани во ложилниците во Скопје и Титов Велес може лесно да се согледа од фактот што веќе во 1950 година на територијата на Македонија нема нити една локомотива од оваа серија која е во возна состојба. Неколку години подоцна се каширани и стопени како старо железо.
Фотографиии од оваа серија и тип на локомотиви не се познати па моделот е изработен по сеќавања и консултацији со стручни лица добри познаватели на железниците кај нас.

Моделот на нашата локомотива е добиен со минимални преправки на моделот на Норвешките Железници - NSB.

Податоци за моделот:
производител и број: RОСО 62229 
должина: 217 мм
погон: аналоген за еднонасочна струја  (DC), вграден NЕМ652 прикључок за декодер
додатоци: генератор за пареа и чад, дигитален декодер со звук


................................................................................................................


JŽ-ЈЖ 33-090

JŽ 33-090 - Roco 62269

Модел на локомотива од серијата 33 на Југословенските Железници, замислен и направен да ја претставува нејзината состојба од времето на активната служба.

Моделот е долг 265 мм, добиен е со кобинирање на DB i ÖBB модели на серијата 52 (модели од производителот RОСО) после што следуваше додавање на ЈЖ ознаките.
Целата преработка можете да ја погледате овде.

Податоци за моделот:
производител и број: RОСО 62269 
должина: 265 мм
погон: дигитален за еднонасочна струја  (DСС) со фабрички вграден декодер co звук.
додатоци: генератор за пареа и чад, метални плочки со ознаки. 


Се работи за модел на делумно реставрираната парна локомотива ЈЖ 33-090 која долго време трунеше заборавена на еден од помошните перони во Велес.
JŽ 33-090 Veles, Macedonia
Правот на заборавот од неа е дигнат благодарејќи на потребата од неа за снимање на филмот „До Балчак – Приказни од дивиот исток“. Иднината можеме лесно да и ја предвидиме... за жал...   


* * *




No comments:

Post a Comment