Модели на друмски возила во Македонија

Моделите на друмските возила се неизоставен дел од сцените на железничките макети и диорами. 
Долу прикажаниве модели се модели на друмски возила кои во последните две-три децении на минатиот век можеле да се сретнат по патиштата низ Македонија.

Виљушкар СТИЛ Р70 

Wiking 12 659

Модел на виљушкар Стил Р70 кој служел во повеќето фирми низ Македонија.
Моделот е на производителот Wiking со број 12 659.

Мерцедес-Бенц Л206 на охридски „Центротурист„

Brekina 13251
Модел на комбето-минибус Мерцедес-Бенц Л206 на туристичката агенција „Центротурист„ претставништво Охрид. Ова возило беше користено за потребите на снимањето на филмот „Исправи се Делфина„ и во истиот може да се види во неколку кратки кадри.
Моделот е на производителот Brekina со број 13251.

 Мерцедес-Бенц 240 Д

Herpa Magic

Уште еден модел на „возило-глумец„ од Македонија: модел на Мерцедесот кој може да се види во филмот „Трст виа Скопје„.
Моделот е на производителот Herpa од едицијата Magic.

Санос на „Ниш Експрес„ од Ниш, Србија

Rietze

И покрај тоа што превозникот „Ниш Експрес„ не е од Македонија модел на некој од неговите автобуси добро би се вклопил на една македонска железничка макета. Автобусите на овој превозник од соседна Србија биле секојдневна гледка на линиите од Белград до Охрид, преку Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, како и на пат кон Грција.
Овој модел на автобусот Санос на „Ниш Екпрес„ е добиен со преработка на модел на МB 303 на производителот Rietze.


Сканиа на „Транскоп„ од Битола

Scania - Herpa

Транскоп од Битола бил еден од најголемите автопревозници кој некогаш постоел во Македонија, чии товарни возила биле видени како на европските така и на азијските, блиско источните патишта.
Моделот е преработка на Сканиа на производителот Herpa.


Мерцедес нa „Галеб од Охрид

MB 303 - Wiking

Автобусите на Галеб од Охрид со нивната карактеристична декорација се сигурно едни од највпечатливите на патиштата.
Моделот е преработка на МB 303 на производителот Wiking.

Мерцедес на ЦК

MB 240 D - Busch 46855

Автомобил познат како возило на тогашните функционери како од државниот врв на СФР Југославија, така и на СР Македонија.
Моделот е на производителот Busch, доаѓа со фабрички напечатена германска регистарска табличка која лесно може да се замени со скопска YU табличка на државните органи на СР Македонија од тоа време. 



„Прскалката„

Wiking

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на камиони-цистерни со кои комуналците ги прскаа и чистеа градските улици. 
За добивање на овој модел е употребен модел на Мерцедес-Бенц Л3500 од производителот Wiking меѓутоа за да се добие поверен модел би требало да се преработи модел на Магирус 125. 



Пинцгауер

Roco Minitanks

Возило со кое располагаше тогашната Југословенаска Народна Армија (ЈНА).
Модел на Пинцгауер 710М со цврст покрив во 1:87 нуди производителот Roco во својата едиција Minitanks.  



Лада Нива

Brekina

Теренско возило кое покрај државните служби, во свој посед го имаа и приватни лица.
Солиден, одлично детаљиран модел во 1:87 изработи производителот Brekina. 



Трактор ИМТ 533

Wiking

Познато работно возило застапено во речиси сите сегменти на земјоделските работи во Македонија.
Моделот на ИМТ 533 тракторот лесно се добива од скоро идентичниот модел на тракторот Фергусон ТЕ, производ на Wiking.



Варбург

Herpa                                                         Brekina

Два автомобила кои индиректно се поврзани со моето семејство: Варбургот 353 Караван го поседуваа моите кумови а Варбургот 311 семејството на мојата сопруга.
Моделот на Варбургот 353 во 1:87 е производ на Herpa а на 311 на Brekina.



Лада Жигули

Busch

И ден денес можат да се видат овие Лади 1200 познати и како Лада Жигули, вистина во не така добра состојба што и не е чудно со оглед на староста на овие возила од руско производство.
Моделите се на производителот Busch и многу се добро и детаљирано направени.



Тристаќ

Brekina

Популарниот Тристаќ го имаше насекаде и во сите бои, производ на италијанскиот ФИАТ и лиценсен на Застава од Крагуевац.
1:87 моделите на ФИАТ 1300 во повеќе боења на пазарот ги понуди производителот Brekina. 




Опел Рекорд од '60-те

Brekina 20145

Модел на еден од Опел автомобилите кој беше синоним на квалитет во тоа време. 
Моделот е одлична изработка на производителот Brekina. 




Шкода

Herpa 24716                                               V&V 1384

Јас овие два модела на Шкода ги нарекувам наставнички Шкоди зашто и двата автомобили ги возеа просветни рабтници во Кичево: црвената Шкода 1000МБ ја возеше наставничка по предметот Историја а жолтата Шкода 110 Р (во оригал бела) наставник по Македонски јазик.
Herpa го изработува моделот на Шкода 1000МБ а V&V на Шкода 110 Р. 



Кипер на ГП „Гранит„

ADP 1154

Модел на руски кипер КрАЗ 256 какви во своја сопственост имаше градежното претпријатије „Гранит„ и кои во тоа време се сметаа за едни од најиздржливите теретни возила.
Ова е модел на производител на малосеријски модели од Украина АДП.



Цитроен АМИ 6

Norev

Модел на Цитроен АМИ 6 во 1:87, каков што поседуваше семејството на мој школски другар.
Моделот е со метална каросерија, производ на францускиот производител Norev.


Ауди 100

Herpa Magic

Модел на Ауди 100 со какво татко ми се врати од печалбарење во Германија во средината на '70-тите години на минатиот век. Се сеќавам на коментари дека тоа не било Ауди туку е Шкода "од новите".
Моделот е серијски производ на Herpa од едицијата Magic. 




Возилата на „Керамички„

Handmade                                                Wiking 0820116

Модели на возилата на керамичкиот комбинат од Кичево: камион влекач КамАЗ 4310 за разнесување на производите и Опел Сенатор за службени патувања на раководството.
Моделот на камионот е рачна изработка на моделар од Украина а Сенаторот е серијски модел на производителот Wiking. 




Москвиќ

Handamde                                                    Herpa 

Модел на Москвиќ едно од позастапените руски возила кај нас. Црвениот караван често пати го гледав паркиран пред зградата каде што живеев, белиот (слонова коска) го поседуваше татко ми, а златно-жолтиот како што го викаа беше на соседот.
Црвениот Моквиќ-караван е рачна изработка на украински моделар додека белиот и златниот се производи на Herpa.  



Камион на „Кичевопром„

Brekina 46011

Модел на камионот ТАМ 5500 на „Кичевопром„ во свое време најголемо претпријатие за снабдување на Кичево со мешовита роба.
Моделот на ТАМ е добиен со префарбување на постоечкиот модел на Magirus 125.



Корвета

Brekina 19962

Модел на Шевролетот Корвета С3, автомобилот кој на крајот на ‘70-те години на минатиот век  беше вистински „вонземјанин„ во Кичево. Беше довезен од Швајцарија и истиот неколку месеци ги красеше кичевските улици. Често пати го гледав паркиран пред една фотографска работилница одејќи или идејќи од училиште. 
Моделот е офарбан во металик-златна а оригиналниот автомобил беше металик-зелена боја ако добро се сеќавам. 



Пеглица

Brekina 22352                                                    Artapo

Модели на Полски ФИАТ 126 или познат како пеглица. Моделите серијски ги произведува Brekina а малосеријски Artapo. 



Автобус на ЖАС-Кичево

Schuco 

Фотографии на автобусите на ЖАС-Кичево се толку ретки што јас воопшто немам видено нити една.
Затоа, овој модел МБ О 302 е земен да одглуми еден од тие автобуси се додека не се појави некоја фотографија според која ќе можеме да направиме модел приближен на вистинските автобуси на ЖАС-Кичево од тоа време.



Лебарката

Brekina 43209

Најпопуларното ТАМче за превоз на леб во Кичево. Кој знае колку пати застанати во ред го чекавме да ни донесе топол, штотуку испечен леб.
Моделот е добиен со преработка на постоечкиот модел на камиончето Borgward B655.



Дијана и Спачек

Herpa

Популарни и интересни, и овие возила на Цитроен ЦВ2 беа возени од кичевчани. Плавиот модел го претставува автомобилот на мојот сосед а белиот автомобилот на мајката на мој пријател.




Застава 101/1100


VV model

Модели на „стоеденката„ едно од најлегендарните возила од нашите простори . Засега во размер 1:87 единствено може да се најде како производ на V&V model.
  

Џиповите на „Лопушник„

Нandmade                                                            Herpa 024792

Модели на двете теренски возила на Шумското стопанство „Лопушник„ од Кичево: УАЗ 469 и ГАЗ 69.
  


Застава 750 - Фиќо

Wiking 0099.11
Wiking                                                Artapo 089, 087
Модел во 1:87 на ова легендарно возило немаме но поради сличноста може да ни послужат моделите на Фиат и Сеат 600.
Серијски ги изработува Wiking а во малосеријска рачна изработка ги нуди Artapo.
  


Застава 750 - Фиќо комбе

Brekina 22452
Модел во 1:87 на Fiat Multipla кој идеално може да ни послужи како модел на нашето Фиќо комбе.
Се сеќавам на курпулозниот колега од претпријатието во кое работев кон крајот на '80-те години кој поседуваше едно вакво возило и на товарот со кој го товареше - тешко беше да се поверува дека сето тоа може да го собере едно вака мало комби-возило.




Запрежна кола

Noch 16702

Модел на една од многуте врсти на запрежни возила кај нас. Моделот на сликата е добиен со мала преработка на оригиналот кој производителот Noch го нуди како запрега со два коњи.
  


Волво 244 ДС  


Wiking 26406

Модел на Волво 244 сличо (ако не и исто) на возилото на началникот на милициjata во Кичево, набавено кон крајот на '70-те години на минатиот век.една од многуте врсти на запрежни возила кај нас. Моделот на сликата е во понуда на производителот Wiking.



 Рено 4

Atlas, Herpa, Norev

Модели на овој автомобил доро познат и распространет во Македонија. Во размер 1:87 го прават повеќе производители. Може да се најде како во пластична така и во метална изведба.




Мерцедес-Бенц 190С и W123 

Brekina 13352                                        Busch 46808

Модели на два автомобила кои сигурно се познати на генерациите кои се сеќаваат на возниот парк во Кичево во осумдесетите години на минатиот век.



Татра

 Igra

Модел на камионот Татра 148 С3 кој можел да се види на повеќето од градилиштата во и околу Кичево.
Моделот е производ на Igra.


*

.

No comments:

Post a Comment